Сообраќајка во Аеродром

Синоќа во 23 часот се случил судир на „шевролет спарк“ и моторцикл во населбата Аеродром.

Сообраќајната несреќа се случила на раскрсницата на улицата Васко Карангелевски и булеварот Јане Сандански, во близина на Мајчин дом, јави Прес 24.

Според очевидци, повредените лица се пренесени со Брза помош во една од скопските болници.

 

Фото: Прес 24