четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

5.146 лица добија стабилност со трансформација на нивниот работен однос

marta

Поврзани вести

Значи вкупниот број на лица кои што добија согласност да им се трансформира работниот однос од хонорарно или волонтерско работење во редовен работен однос изнесуваше 5146, изјави министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска- Томовска на отчетот.

Со оглед дека законот предвиде три фази на трансформација, првата фаза веднаш по донесување на законот на почетокот 2015 година, втората фаза на крај на 2015 година и третата фаза во септември 2016 година, до сега е транформиран работен однос на 3 455 вработени, односно на две третини, но вкупната бројка на трансформирани работни места е 5 146. Што значи 5 146 луѓе, семејства добија сигурност, добија стабилност со трансформација на нивниот работен однос, рече Арсовска – Томовска.

Најчитани вести