5 причини зошто на сите ни е потребен најдобар пријател Бик

Никој не може да ни даде подобар совет за врските од нив

Тие се многу независни, така што нивниот став секогаш е „во ред, пријатно!“, ако нешто не оди како пто очекуваат. Тоа е здраво бидејќи тие покажуваат дека не се личности кои ќе трпат сѐ и сешто од нивниот партнер. Доколку не им се допаѓа што е на менито, тие преминуваат во друг ресторан.

Тие се посветени и лојални на нивниот (мал) круг на пријатели

Доколку сте дел од нивното друштво, ви честитаме. Тоа е елитна позиција за која е потребно многу време да ја заслужите. Вашиот пријател Бик секогаш ќе го чува вашиот грб и ќе заштитат од сѐ на светот. На моменти ќе делуваат како заштитнички брат или сестра, но тоа доаѓа од љубовта која не им ја даваат лесно на луѓето.

Тие се силни и стабилни

Тие се секогаш силни и стабилни, но и многу директни. Се однесуваат како старци кои се зрели поради многуте искуства и не ги прифаќаат туѓите драми лесно бидејќи тие за нив значат недозреаност.

Тие се луѓе кои знаат да се забавуваат

Иако нивната надворешност изгледа крута, сепак тие се луѓе кои навистина знаат да се опуштат и да уживаат. Тие знаат тоа да го прават со добра музика, добри луѓе и храна.

Тие имаат одличен вкус

Со нив секогаш ќе одите на одлични места, ќе ги конзумирате најфините јадења и тие секогаш ќе ви помогнат во изборот на облека за која се двоумите. Сѐ што е поврзано со сетилата е нивната силна страна.