50.000 денари наместо кусур

50.000 денари наместо кусур
50.000 денари наместо кусур

Првиот работен ден на ноември го донесе првиот добитник на парична добивка од 50.000 денари на инстант лозот Среќни тркала на Државна лотарија на Македонија.

Инстант лозот Среќни тркала пред само една недела ја започна својата авантура низ среќните места на Државна лотарија на Македонија, а веќе го впиша првиот добитник на паричната добивка во вредност од 50.000 денари.

Интересно е што не се работи за играч, туку за еден од многуте кои не веруваат во среќата, но се покажа дека среќата верува во него. Најновиот добитник е од скопската населба Железара. Тој редовно пазарел во продажното место КАМИ – Ж, но еднаш решил наместо кусур да земе инстант лоз. Го избрал најновиот лоз – Среќни тркала кој нуди седум премии автомобил Фолксваген Пасат и бројни парични добивки, а кога го изгребал се откриле три исти суми од по 50.000 денари.

Така најновиот добитник наместо кусур од 50 денари добива 50.000 денари. Од сега, вели, ќе верува во својата среќа и ќе се вклучи во големото семејство на играчи на инстант лотарија, со очекување на поголема добивка. Следна примамлива добивка му е премијата од 1.000.000 денари на инстант лозот Среќни коцки.

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија нуди реални можности за изненадувања, па дури и кога не верувате во среќата, верувајте во својот кусур.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.