50 илјади Италијанци потпишаа петиција за излез од ЕУ

50 илјади луѓе за само два дена ја потпишале петицијата со која се бара излез од Европската Унија.

Италијанската опозициска партија Движење пет ѕвезди ги повика Италијанците да ја потпишат петицијата за референдум за излегување на земјата од еврозоната.

-Им луѓе кои сметаат дека станува збор за премногу ризичен чин, но тоа е начинот да им се отворат очите на луѓето. Вистината се состои во тоа што треба да живееме во застарени услови, коишто не ни дозволуваат да го уживаме нашиот суверенитет. Референдумот е само првиот чекор. Очекуваме да се разбудат и другите земји, изјавиле од Движењето пет ѕвезди.