петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

50 нови волонтери од Америка пристигнуваат во Македонија

За време на нивниот престој во Македонија тие ќе работат како наставници по англиски јазик, како дефектолози, како и во областа на развојот на заедниците, во партнерство со основни и средни училишта, владини институции и општини и невладини организации. Мировниот корпус е присутен во Македонија на покана на Владата на Република Македонија и работи во соработка со Министерството за образование, Министерството за локална самоуправа и Министерството за труд.

volonteri

Последни вести

Во годината кога ја прославуваме 20-годишнината од постоењето на Мировниот корпус во Македонија, ја пречекуваме најголемата група волонтери досега. В недела, на 18 септември, 50 Американци ќе ѝ се приклучат на групата од повеќе од 600 американски државјани, коишто биле во Македонија од 1996 година досега, со цел да служат како волонтери во Мировниот корпус.

Директорот на Мировниот корпус во Македонија Марк Ханафин и вработените во Мировен корпус Македонија во недела ќе ги пречекаат волонтерите на аеродромот за да им посакаат добредојде.

welcome

Новите волонтери се на возраст меѓу 22 и 64 години. За време на нивниот престој во Македонија тие ќе работат како наставници по англиски јазик, како дефектолози, како и во областа на развојот на заедниците, во партнерство со основни и средни училишта, владини институции и општини и невладини организации. Мировниот корпус е присутен во Македонија на покана на Владата на Република Македонија и работи во соработка со Министерството за образование, Министерството за локална самоуправа и Министерството за труд.

Новата група волонтери претставува дваесет и прва група волонтери коишто ќе живеат и ќе работат во Македонија. Откако ќе ги поминат првите 11 недели во обука, којашто ќе вклучува изучување на македонскиот и/или на албанскиот јазик и култура, ќе почнат со работа во повеќе градови и села во Македонија.

Мисијата на Мировниот Корпус 

Мировниот корпус е основан во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди. Мировниот корпус има три цели: 1. Да се обезбедат волонтери коишто ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства; 2. Да помогне луѓето од земјата домаќин да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка; 3. Да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите низ светот. Преку своите активности, волонтерите на Мировниот корпус промовираат мир во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.

Најчитани вести