Балкан

50 отсто помалку пари за грчките партии

50 отсто помалку пари за грчките партии

Со нов закон што е веќе поднесен во грчкиот Парламент, се предложува 50 отсто намалување на државните сувенции за политичките партии, како и воведување на кодекс за однесување за министрите и пратениците.

Државното финансирање на партиите пред кризата достигнувало до 55 милиони евра. Според официјалните податоци, редовните субвенции на партиите за 2010 година по глава на жител во Грција изнесувале  4,52 евра. Вкупниот износ што партиските формации го добиле од околу 10,8 милиони  жители во Грција, изнесува 48,8 милиони евра.

Во Европа партиите најскапо ги финансираат жителите на Луксембург  – 19,3 евра по човек) , а на второ и трето место се Норвешка и Финска, со државно финансирање по глава на жител од  7,81 односно 5,73 евра.