четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 69

500.000 евра помош од Австрија за Македонија

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц прецизира дека тие средства ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и македонскиот Црвен крст.

pop3(4)

Поврзани вести

Австрија ќе и додели помош од 500.000 евра на Македонија по поплавите од Фондот за елементарни непогоди во странство, соопштено е денеска во Виена.

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц прецизира дека тие средства ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и македонскиот Црвен крст.

Средствата треба да бидат искористени за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта.

– Се подразбира дека Австрија како партнер и помага на Македонија. Не смееме да ги оставиме луѓето по ова невреме да ги оставиме на цедило, порача Курц во соопштението.

Најчитани вести