Магазин

МОБ: „Слугинка и Господарка“ од утре на сцената

МОБ: „Слугинка и Господарка“ од утре на сцената

Утре,среда, 18 јуни и петок, 20 јуни 2014 г. со почеток во 20 часот, на Малата сцена во Македонската опера и балет ќе биде изведена комичната камерна опера “Слугинка Господарка“ која неодамна ја имаше својата премиера.

Операта „Слугинка Господарка“ од Џовани Батиста Перголези е копродукциски проект чија цел е да ја приближи камерната комична опера на љубителите на овој жанр. Проектот е во режија на Трајко Јордановски.

Ќе настапи млада солистичка екипа: Анѓелка Гајтановска, Марија Наумовска, Симона Чакарјанева, Невен Силјановски, Кристијан Антовски, Андреј Наунов и Никола Стојчевски придружувани од камерниот оркестар на МОБ. Диригент – Иван Еминович.

Заради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“.