52-годишниот Џордан во 2014 заработил повеќе отколку за цела играчка кариера

Според некои анализи, “летечкиот” Мајк за време на својата 15-годишна играчка кариера заработил 94 милиони долари, но неговото обогатување не прекинало тука.

Џордан продолжи да заработува и откако замина во пензија. И тоа како. Како што пренесува “Бличер репорт”, 52-годишниот Џордан во 2014 година од спортска опрема со свој потпис заработил 100 милиони долари, што е повеќе од целата негова играчка кариера.

Патиките “Најк Џордан” му донеле на “летечкиот” рекордна заработка, најголема досега во светот на пензионираните спортисти. Многумина по пензионирањето се впуштиле во сопствени бизниси, но за една година, според официјалните податоци, ниту еден не успеал толку да заработи.