Внимавајте: Сообраќајот се одвива во влажни коловози

Сообраќајот на речиси сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Забрана за тешки товарни возила е воведена на регионалните патишта Кратово – Пробиштип и Радовиш – Конче.

Работа на пат се изведува на повеќе патишта: на патот Кичево – Охрид во близина на Ботун; на регионалниот пат А2 на излез од Кичево, на патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“, на патот правец Дренoво – Плетвар, во близина на каменоломот, на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија, на патниот правец Фурка – Дојран и на патот Велес – Кадрифаково“ од депонијата Велес до с.Лозово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.