56 милиони евра за модернизација на „РЕК Битола“

Во Битола завршивме една крупна работа, го продолживме работниот век на „РЕК Битола“. Вложивме 56 милиони евра за модернизација  без која што „РЕК Битола“ за кус период ќе згаснеше, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на митингот во Битола.

Притоа, тој наведе дека доколку не се решел проблемот со оваа компанија, не само што државата ќе има проблем за електрична енергија, туку и неколку стотици луѓе ќе останат  без работа.