Македонија

Тодоров со сет мерки за стандардизација на здравствените установи

Тодоров со сет мерки за стандардизација на здравствените установи

Од понеделник стартува процесот на акредитација и стандардизација на здравствените установи во секундарното и терцијалното здравство.

Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека веќе од денеска на директорите на сите здравстевените установи ќе им бидат упатени сет на мерки и укажувања .

„Со овој процес сакаме да добиеме не само подобри здравствени услуги туку и установи кои во пружање на квалитет ќе бидат на ниво на најразвиените здравствени ситеми во Европа“, истакна Тодоров.

Тодоров посочи дека стандардите за акредитација кои ќе трабда да се почитуваат од здравствените установи се поделени во 6 поглавја: управување и раководење, човечки ресурси, управување со информации, управување со ризик и безбедност на пациенти, лекување на пациенти, специфични клинички услуги.

„Сите мерки и укажувања за исполнување на овие стандарди се со конкретен рок на реализација , очекуваме истите да бидат навремено спроеведени“, посочи Тодоров.

Особено значаен стандард од поглавјето управувањето и раководењето, образложи Тодоров , претставува планот за управување со ризик на ниво на болница и за таа цел здравстената установа ќе формира група на одговорни лица кои ќе прибираат и вршат анализа на информации за идентификување на ризици во установата.

Целиот процес полесно ќе се реализира со ново формираната Агенција за акредитација на здравствените установи, која ќе ги подготвува стандардите во соработка со Министерството за здравство континуирано ќе се следи и проценува квалитетот на работата во здравствените установи и примената на медицина базирана на докази.

Со подобрување на контролата на квалитетот на здравствени услуги ќе имаме позадоволни пациенти и подобро здравје.