Македонија

577.000 евра за канализација во Големо Коњари и Канатларци

577.000 евра за канализација во Големо Коњари и Канатларци

Селата Големо Коњари и Канатларци во Прилеп ќе добијат фекална канализација

Проектот опфаќа изградба на фекална канализација со систем за предтретман на отпадните води во двете.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при денешната посета на Големо Коњаре истакна дека должината на мрежата во село Големо Коњаре изнесува 5,8 километри, а во Канатларци 7,3 километри.

„Средствата за реализација на проектот во висина од 577.000 евра се обезбедени од Европската инвестициона банка. Проектот се очекува да биде реализира во рок од 1 година“, посочи Јанакиески при посетата.