ВМРО-ДПМНЕ:Кога ќе згрми Бранко, СДСМ се постројува

Денешната прес конференција на СДСМ е по налог на Бранко Црвенковски и е класичен пример како Зоран Заев, кога ќе згрми Бранко Црвенковски, се постројува и го повторува тоа што тој го велеше на овој ден лани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа прес конференција освен што покажува под каква контрола е Зоран Заев, исто така покажува и колку некогаш човековата природа знае да забега, потценувајќи го граѓаните и ветувајќи им брда и долини. Недостасуваше на крај Заев уште да каже дека, ако тој и СДСМ дојдат на власт во Македонија нема да има несреќен човек и просечниот животен век, ако дојде СДСМ на власт ќе биде 250 години и се ќе биде зеленскасто и розово во државата Македонија, во која нема да има ниту еден проблем, стои во соопштението на владејачката партија.

За ВМРО-ДПМНЕ денешната изјава на Заев е трагична и жална и тотално надвор од реалноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.