6,3 милиони долари украдени од „Самсунг“ во Бразил

Банда упадна во фабрика на електронскиот гигант „Самсунг“ во Бразил и украла мобилни телефони и компјутери во вредност од околу 6,3 милиони долари.

Вооружени напаѓачи земале за заложници работници во фабриката Кампинас, во близина на Сао Паоло.

Според безбедносните сили крадците успеале да натоварат седум камиони со над 40.000 уреди на „Самсунг“. „Самсунг“ соошти дека при нападот групата земала за заложници околу 50 вработени.