петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 8

63 пратеници за стабилна држава

В недела граѓаните на Македонија ќе гласаат на предвремените парламентарни избори. Анкетите сугерираат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му го нанесе десеттиот изборен пораз на СДСМ, но владејачката партија бара силна поддршка од електоратот за да добие 63 мандати, со цел кризата повеќе да не се пролонгира, пишува Лидер.

избори

Поврзани вести

Има само еден начин да се излезе од оваа криза, а тоа е поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за 63 пратеници. Не е прашање дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, туку да победи со доволен број пратеници за да се излезе од кризата,  апелира лидерот на владејачката партија Груевски.

За Никола Груевски, 63 мандати гарантираат дека земјата ќе продолжи да оди напред кон членство во НАТО и ЕУ, ќе продолжи јакнењето на домашната економија, отворањето нови работни места.

Ова е политичка гарнитура која ги обединува сите и која се грижи за сите, за заедничките државни и национални интереси. Народот ќе гласа за сувереност, унитарност, за цврстина на Македонија, одење во НАТО и ЕУ, за Македонија која економски ќе зајакнува, за субвенции за земјоделците, зголемување на  пензиите, социјалната помош, платите во јавниот сектор, за зајакнување на сите економски параметри, вели Груевски.

За суверена и економски силна Македонија

Резултатот в недела треба да биде историски, бидејќи гласаме за суверена и економски силна Македонија – вели поранешниот вицепремиер и за многумина најуспешниот министер за финансии во историјата на земјава, Зоран Ставрески.

Им пречеше тоа што Република Македонија почна да оди напред, да се отвораат нови работни места, тоа што македонските земјоделци за првпат станаа почитувани со ВМРО-ДПМНЕ, им пречеше што даваме субвенции, што градевме патишта и што се зголемуваа пензиите. Заборавија само дека во оваа држава живее народ, народот е стопан на оваа држава и никој друг, вели Ставрески.

Според него, СДСМ за остварување на целта ги нападнал нашиот јазик, култура, територијалната целовитост.

Целата агресија е врз ВМРО-ДПМНЕ зашто знаат дека ВМРО е кодот на Република Македонија, силата на оваа држава. Знаат дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш за ништо нема да ја продаде оваа држава, нема да го продаде сопствениот народ, зашто знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е патриотска, народна партија,  вели Ставрески.

Пред граѓаните е најобемната програма досега!

Граѓаните на 11 декември имаат шанса да гласаат за најобемната политичка програма во историјата на земјава, за 500 страници со проекти и прецизни рокови за нивна реализација, за нови работни места, повисок стандард и квалитет на живот, за повисоки плати, пензии, социјална помош, за нови автопати, болници, училишта, градинки, студентски домови.

Посветени сме, пред сè, на потребите на граѓаните. Ние сме партија, коалиција, која е препознатлива по програмата. Овојпат таа е најразработена, најдетална, реална и произлегува од граѓаните и е направена за граѓаните, вели носителот на листата во Скопје, Никола Попоски.

Со програмата се обврзуваме, по дадената доверба од граѓаните  на 11 декември, да работиме напорно, макотрпно и посветено за напредок и за подобар живот на сите граѓани во Македонија, вели Никола Тодоров.

Даваме реални ветувања со точни рокови, а не нереални ветувања, изјави носителот во шестата изборна единица, Влатко Ѓорчев.

Овој пат имаме избор помеѓу нешто што е видено и подобро и нешто што исто така е видено и деструктивно, смета Антонио Милошоски.

Нов автопат Миладиновци – Штип, експресни патишта Велес – Кадрифаково, Ранковце – Крива Паланка, Штип – Кочани и Штип – Радовиш, регионални патни правци: Чашка – Богомила, Крива Паланка – Македонска Каменица, Кочани – Македонска Каменица – Делчево, од Виница до Берово – ВМРО-ДПМНЕ влегува со силен капитал кога е во прашање Источна Македонија.

Инфраструктурата во Источна Македонија ќе се разликува од она што СДСМ го остави веројатно во светлосни години. Конечно и граѓаните сами можат да видат што значат оние стари патишта кои ги имавме и што значи оваа масовна изградба во сите патни правци во овој дел од земјата, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ држи до дадениот збор

ВМРО-ДПМНЕ излезе со најобемната програма, но презема и голема одговорност, бидејќи оваа партија важи за политички субјект што се држи до дадениот збор и дадените ветувања.

ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 години направи навистина многу. Се гледаат ефектите и резултатите од она што е инвестирано, изградено, особено во инфраструктурата, вели универзитетскиот професор Јован Пејковски.

Од 25 години независност на Република Македонија, можам слободно да кажам дека оваа програма е најобемната, најдобрата, најпрофесионално сработената и најквалитетната политичка програма којашто било која партија досега им ја има понудено на македонските граѓани, оцени универзитетската професорка Тања Каракамишева – Јовановска.

Најчитани вести