65 имигранти од Сирија уапсени во Албанија

Полицијата во албанскиот град Ѓирокастро уапси 65 илегални имигранти од Сирија.

Бегалците се уапсени во близина на албанско-грчката граница. Тие влегле илегално од Грција и планирале да влезат во Црна Гора и од таму да стигнат до Западна Европа.

Сириските бегалци поседувале дозволи за престој во Грција.