650 Косовци месечно го напуштаат Косово

По 650 Косовци месечно, во просек, ја напуштаат земјата за да стигнат во земјите од ЕУ преку Србија и Унгарија, објави МИА.

Според статистиката на Министертсвото за внатрешни работи, во периодот јануари-јуни годинава, бројот на нови азиланти од Косово во земјите на ЕУ изнесува 4.455 лица.

– За жал, трендот на зголемување е забележан посебно во јули и август, за што вознемиреност искажа и амбасадорот на Унгарија, кога е забележан голем наплив на влез во Унгарија посебно на граѓани од Урошевац и Косово Поле, припадници на заедницата Ашкали, но и на Албанци кои се прикажуваат како Ашкали, со цел да обезбедат статус на азиланти иако повеќе ваков статус не може да добијат косовските граѓани – изјави за „Зери“ косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.

Според Реџепи, споредено со минатата година, кога во западноевропските земји азил побарале 17.756 косовски граѓани, годинава нивниот број е помал, но, сепак, претставува проблем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.