Мурињо задоволен од составот на Челзи за следната сезона

Предводникот на Челзи, Жозе Мурињо, истакна дека е презадоволен од новите засилувања кои пристигнаа во текот на летото и дека заедно со веќе постоечките играчи, Челзи го има тимот што го посакува пред почетокот на новата сезона.

Мурињо нагласи дека Челзи ќе атакува на сите трофеи во сезоната што следува, особено на онаа во Премиер лигата, на која чека од 2010 година, а во што многу ќе му помогнат и Дидие Дрогба, Диего Коста, Цеск Фабрегас и Фелипе Луис, фудбалерите кои пристигнаа летово во редовите на лондонските “сини”.

„Пресреќни сме со тимот што го имаме. Имаме тим каков што сакаме, од играчи како Дидие Дрогба и Џон Тери до играчи како Андреас Кристијансен и Натан Ејк. Го добивме тоа што го сакавме за тимот, и клубот фантастично одработи, напорно и брзо за да ги донесеме Фабрегас, Диего Коста и Фелипе Луис“, рече Мурињо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.