Петти пораз на младата ракометна репрезентација

Македонската младинска репрезентација го забележа и петтиот пораз на Европското првенство што се одржува во Австрија, откако денес беа поразени од селекцијата на Словачка со 28-26. Со овој пораз, нашите млади ракометари утре ќе водат борба за да го избегнат последното место на овој шампионат, иако со евентуалната победа денес ќе се бореа за 13. место.

Иако на хартија овие 5 порази делуваат навистина лошо, сепак самото учество на нашата млада ракометна репрезентација е голем успех и надеж дека иднина во македонскиот машки ракомет и тоа како постои. Секако, во следните години престои макотрпна работа со овие млади надежи, а се со цел да се достигнат, а зошто да не и да се надградат успесите на сегашната сениорска репрезентација.