Спорт

Вардар блесна во шампионски сјај

Вардар блесна во шампионски сјај

Двапати Ивановски и еднаш Дашјан го „прегазија“ тимот од Тетово, кој одигра слаб натпревар. „Вардарци“ сето тоа знаеја како да го казнат и постигнаа убедлива победа, иако можеа и повеќе

Сите оние кои барем малку се сомневаа во квалитетот на Вардар оваа година синоќа добија вистинска шлаканица. А имаа причини да се сомневаат по изминатата сезона и неколкуте „утки“ со играчкиот кадар. Но сега!? Што да се каже по импресивната партија на Ерменецот Артак Дашјан, и на неговиот сонародник Хамбарѕумјан, на формата која ја покажуваа Петров, Деспотовски, Глигоров, Глишиќ… Вчера на дербито со Шкендија сите заслужуваат пофалби. Особено од 30. минута па до крајот на натпреварот кога го „прегазија“ својот противник кој беше инфериорен и не можеше да му парира на расположениот домаќин. Избраниците на Сергеј Андреев на сите делови од теренот доминираа по 30. минута и како резултат на тоа дојде и убедливата победа.

трибина

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 3:0 (1:0)
Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 3.000.
Стрелци: Ивановски 34′, 75′, Дашјан 54′