Финишира изградбата на новиот двосистемски 110 kV далекувод „Битола 3“ – „Битола 4“

МЕПСО ги завршува активностите за ставање во функција на новиот двосистемски 110 kV (киловолтен) далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Битола 3“ и „Битола 4“. Со ставањето под напон на оваа инвестиција вредна 2,4 милиони евра во енергетски прстен ќе се поврзат сите 4 трансформаторски станици поврзани на преносната мрежа во битолскиот регион со што во иднина ќе се сведе на минимум ризикот од испади, констатираа вицепремиерот Владимир Пешевски, Синиша Спасов, генералниот директор на МЕПСО и Ацо Ристески, директорот на Операторот на преносната мрежа при работната посета, денеска на трасата на новиот далекувод.

f5 14.8.14

„Целта на новиот двосистемски 110 далекувод, кој се очекува да биде завршен до почетокот на септември оваа година, е да се подобрат напонските услови и зголеми доверливоста и безбедност на енергетското снабдување во пелагонискиот регион, изјави Пешевски. И дополни: – Владата на Република Македонија има големи инвестициони планови и проекти наменети за изградба и ревитализација на инфраструктурата во електроенергетскиот сектор. Покрај на овој проект интензивно се работи и на реализиацијата на 400 kV интерконективени далекуводи Штип – Ниш и Битола – Елбасан, изградбата на двосистемскиот 110 kV далекувод на челично решеткасти столбови ХЕЦ Вруток – ТС Тетово 2, проектот за ревитализација и модернизација на преносната мрежа и управување со електроенергетскиот систем како и на низа други проекти, наменети за унапредување на инфраструктурата на македонскиот електроенергетскиот сектор“, изјави Пешевски.

„Сега се монтираат елементите од електроопремата со која се поврзува новиот двосистемски далновод преку подземен кабел со далноводното поле во трансформаторската станица Битола 4. Во овој проект се вложени 2,4 милиони евра и со него значајно ја зголемуваме доверливоста на мрежата“, истакна Спасов, генералниот директор на МЕПСО.

f6 14.8.14

Овој далекувод е долг 10 километри, од кои 700 метри се подземен кабел што минува низ населбата нова Битола.
„За прв пат во својата преносна мрежа МЕПСО постави подземен кабел кој ги заменува далноводните столбови и проводните јажиња. Потребата се наметна заради тоа што трансформаторската станица се наоѓа во населба во Битола и целта беше да избегнеме да се поставуваат столбови и проводници во населено место, соопшти Ацо Ристески“, директор на ОПМ.

f2 14.8.14

Со реализација на овој проект целта не МЕПСО е да ги сведе на минимум ризиците од испади во овој регион и да ја зголемува сигурноста во напојувањето со електрична енергија во битолскиот регион и ги подобри напонските прилики на преносната мрежа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.