Наградата за најглупав спортски потег во 2014 година оди кај Мехиси-Банабад

Францускиот атлетичар Махедин Мехиси-Банабад остана без златен медал на ЕП во Цирих поради крајно глупав потег.

Имено, тој пред самиот финиш на трката на 3000 метри ја соблече маицата за да ја прослави убедливата победа. Низ целта помина држејќи ја маицата со заби, а подоцна беше дисквалификуван.