Домашни маски за нега и побрз раст на косата

Ова се 7 различни рецепти според кои ќе можете да направите сопствена маска за коса, сè што е потребно е само да одберете еден од нив и да посветите максимум 15 минути од вашето време за да го подготвите.


Авокадо маска

Авокадото е познато по неговата употреба во многу продукти за убавина со што се препорачува како нега за вашата коса која сама може да си ја обезбедите. Набавете авокадо и блендирајте го со две лажици млеко и малку маслиново масло. Ќе добиете маска која ќе ја хидратизира вашата коса и ќе ја направи посјајна.


Јајце маска

Измешајте жолчка од јајце со две лажици маслиново масло, лажица млеко и малку лимонов сок што ќе резултира со маска против првут и зајакнување на испукнатите врвови. Освен тоа вашата коса ќе прими витамин А кој се состои во јајцето и влијае врз побрз раст на косата.


Јогурт маска

Ако имате наелектризирана, дива коса која што не може да се стилизира со никаков козметички продукт, јогурт маската е вистинското решение за вас. Потребно е да нанесете една чаша јогурт, или две доколку вашата коса е долга и да ја оставите да отстои 20 минути, а потоа да ја исплакнете со шампон и топла вода. Наелектризираноста ќе се намали за 100%, а косата ќе добие на мекост.

7-maski-za-kosa-koi-moze-da-gi-napravite-sami-3

Банана маска

Бананата содржи многу витамини кои влијаат врз растот на косата, затоа оваа маска им се препорачува на девојки кои сакаат побрз раст на нивната коса за краток период. Изблендирајте две банани, со една лажичка маслиново масло и лажичка мед. Оставете ја маската на коса 5 минути, а потоа исплакнете, косата ќе добие на сјај, а секако и побрзо ќе расте доколку маската ја применувате минимум два пати неделно.


Маска од кокосово масло

Кокосовото масло е одлично за сува и оштетена коса, па ако вашата е таква набавете кокосово масло кое може да се најде во секоја аптека и помешајте го со една лажица маслиново масло. Можеби косата нема да се регенерира целосно, но секако дека ќе биде поздрава и ќе изгледа поубаво. Маската може да ја држите на косата според ваш тајминг бидејќи не предизвикува штетно дејство.


Јагода маска

Јагода маската е одлична за коса која брзо се масти бидејќи јагодите содржат витамин Ц кој ја регулира Ph вредноста на скалпот и ја доведува до нормала. Изгмечете една рака јагоди со лажица мед и лажица кокосово масло. Нанесете ја на косата и масирајте го скалпот неколку минути, а потоа оставете да отстои 15 минути. Резултатот ќе биде неверојатен, ќе добиете поздрава коса која поретко се масти и ќе изгледа посјајно.


Маска за коса од рицинусово и маслиново масло

Добро познатото маслиново масло потпомага во опоравување на испуканите врвови и крута коса, а доколку вие имате таков проблем, но истовремено и посакувате долга коса, оваа маска ќе го реши вашиот проблем за две недели. Измешајте во чаша лажица рицинусово масло кое ќе го потпомогне растот на влакното од коренот и лажица маслиново масло кое ќе ги среди уништените врвови и нанесете на косата.

Оставете да отстои половина час, а потоа исплакнете два пати со шампон и млака вода бидејќи сепак се работи за масло. Ќе добиете сјајна и подолга коса за краток период!

 

7-maski-za-kosa-koi-moze-da-gi-napravite-sami-1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.