70 години од основање на „Просветно дело“

Денеска се навршуваат 70 години од основањето на „Просветно дело“ и од објавувањето на првиот Буквар на македонски јазик.

„Овој светилник на македонското образование и просвета, формиран со Решение на Президиумот на АСНОМ на 16 април 1945 год., денес го слави својот 70. роденден“, соопштија од книгоиздателството.

Од таму нагласуваат дека неколку наслови од седумдецениската историја на „Просветно дело“ се клучни за македонската култура.

„Првата печатена книга на македонски јазик, Збирката на македонски народни песни, првите македонски Буквар, Правопис и Граматика, првата преведена книга на македонски јазик – „Сердарот“ од Григор Прличев, Граматиката на македонскиот литературен јазик од Блаже Конески, Правописот на македонскиот јазик со правописен речник, Тротомниот речник на македонски јазик, Историјата на македонскиотн народ и Географијата на Македонија“, набројуваат од „Просветно дело“.

Оваа издавачка куќа е застапник на издавачките права на најдобрите светски детски лиценцирани изданија: Штрумфови, Дизни, Хелоу Кити, Бен 10, Том и Џери, Скуби Ду, Бетмен, Супермен…

На 70. роденден на „Просветно дело“ и на јубилејот од излегувањето на првиот Буквар, оваа издавачка куќа ќе го објави првиот Звучен буквар на македонски јазик со што ја продолжува традицијата да биде стожер на македонската просвета и образование.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.