70 отсто мигранти ја користат балканската рута

Поголем број мигранти, процентуално околу 70 отсто ја користат балканскат рута својот пат кон земјите од ЕУ. Тие по копнен пат низ земјите од западен Балкан патуваат кон западните земји, кои се нивна последна дестинација.

ЕУ ја препознала „балкансата рута“ како главен канал за прилив на илегални имигранти, па затоа во септември во Будимпешта ќе се одржи конференција на највисоко ниво на која треба да бидат утврдени јасни механизми за финансика поддршка на земјите од регионот, вели српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ, пренесува МИА.

Таа додава дека Србија досега за справување со проблемот со илегалната имиграција од претпристапните фондови на ЕУ добила околу 2,5 милиони евра за потребите на Центарот за прифаќање на имигранти во Прешево и шест милиони евра за реадмисија на лицата кои се враќаат во Србија.

ЕУ на Србија и одобрила и дополнителни „околу 2,5 до три милиони евра“ за зајакнување на контролата на нејзините граници, со цел да се спречи приливот на имигранти, смета таа.

Медитеранот масовна гробница на мигранти

Повеќе од 36.000 мигранти од земји во кои дивеат војни како Сирија и Еритреја, минале низ смртоносно патување преку Медитеранот, кој за нив станува масовна гробница, за да стигнат до Европа, објавува американската „Vice News“, пренесува Нетпрес.

Мигрантите се качуваат на чамци и бродови најчесто во Либија, а потоа тргнуваат на смртоносно патување до Грција, Италија и Шпанија. Ова го прави Медитеранот масовна гробница за мигрантите.

Претпоставките се дека досега најмалку 1.800 лица починале, во последниве четири месеци. Само на 15 мај загинале околу 400 мигранти, кога нивниот мал брод, со кој тргнале на своето патување преку Медитеранот до Европа, се превртел во близина на брегот на Либија. Само пет дена подоцна брод кој превезувал 900 мигранти се превртел во близина на јужниот дел на италијанскиот остров Лампедуза. Истиот ден имало уште две несреќи на бродови кои превезувале мигранти.

 

 

Македонија е транзит земја за мигрантите кои секојдневно во огромен број се обидуваат да влезат во земјава.