74 загинати и 163 повредени во железничка несреќа во Конго

Најмалку 74 лица загинаа во железничката несреќа што се случи минатата седмица во ДР Конго, покажуваат официјални податоци што ги објавија синоќа властите во Киншаса, по откривањето нови тела на жртвите.

Бројот на повредени е 163, соопшти Министерството за здравство на ДР Конго.

Минатиот вторник товарен воз, што превезувал и луѓе, излетал од шините во близина на рударскиот град во провинцијата Катанга, при што две локомотиви и два вагона се превртеле.