76 семејства неможат да добијат социјален стан заради блокадите на Ременски

Вкупно 76 семејства неможат да добијат социјалн стан заради блокадите на Ременски.  Техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски уште еднаш покажа дека функцијата ја користи за ништо друго освен за блокирање на проектите што носат благодет за граѓаните и се од огромна помош за социјалните категории на граѓани.

Како што дознава Нетпрес од извори од Министерството за труд и социјална политика, овој пат техничката министерка Ременски директно го кочи доделувањето на 76 станови за социјалните лица во Прилеп.

Фросина Ременски директно преку Комисијата за распределба на социјални станови, лобира социјален стан да добие лице од Прилеп кое е во блиски односи со високи претставници во структурата на СДСМ.

Техничката министерка Ременски преку вработени од Министертвото за труд и социјална политика кои се дел од Комисијата за распределба на социјалните станови во Прилеп ја уценува целата Комисија,  доколку тоа лице не добие социјален стан, нејзините членови нема да ја потпишат конечната листа на добитници на социјални станови а со тоа практично е закончена комплетно целата распределба за сите 76 лица кои добија социјален стан.

Имено при распределбата на социјалните станови во Прилеп, лицето за кое техничката министерка Ременски лобира да добие социјален стан се најде на прелиминарната листа на потенцијални добитници на станови, но при увидот на лице место во куќата во која посоченото лице пријавила дека живее, Комисијата констатирала дека тоа лице куќата ја користи само за да го исполни условот за добивање на социјален стан.

Со тоа лицето за кое Ременски категорчно бара да добие социјaлен стан не ги исполнува условите согласно Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по „Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија“.

Дополнителни сомнежи се отворија кога членовите од Комисјата кои се предложени од Министерството за труд и социјална политика излегоа со став дека доколку посоченото лице не добие социјален стан, тие нема да ја потпишат конечната листа и записникот, со што се стопира распределбата на 76 социјални станови во Прилеп.

За да се откочи целата постапка и да се распределат сите  социјални станови на лицата на кои им се неопходни за живеење, Министерството за транспорт и врски испрати допис до техничката министерка Фросина Ременски да се произнесе за веродостојноста на пријавеното живеалиште за посоченото лице и да се надмине целата ситуација.

Овој однос на техничката министерка Ременски покажува колку таа и нејзината матична партија СДСМ не водат грижа за лицата од социјалните категории и тоа колку функциите ги злоупотребуваат само за партиски цели за нивни блиски членови.