Јувентус заинтересиран околу Мата

Бранителот на шампионската титула во италијанското фудбалско првенство, Јувентус, е заинтересиран за зделка со Манчестер Јунајтед.

Медиумите од Апенините тврдат дека на мета на Старата дама е шпанскиот фудбалски интернационалец Хуан Мата, кој на „Олд Трафорд“ дојде од тимот на Челзи.

Во Торино од Реал Мадрид се пресели младиот Шпанец Алваро Мората, додека еден дел од поискусните фудбалери оваа натпреварувачка кампања се во други клубови.

На располагање на тренерот на тимот, Масимилијано Алегри, му се Фернандо Љоренте, Карлос Тевез и Себастијан Џовинко.

Вредноста на Мата е 40 милиони евра, а шпанскиот фудбалски интернационалец оваа сезона постигна еден погодок за Јунајтед во Премиер лигата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.