780 милиони евра за земјоделците за 9 години

Од првиот ден на доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ се започна со процесот на сериозна поддршка за македонскиот земјоделец. Од 2006 до 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ како поддршка за земјоделците додели 780 милиони евра. Поддршка која во соработка со претставниците на земјдоелците беше договорена и која и покрај светската и европската должничка криза продолжи согласно ветеното да се зголемува.

Владата во континуитет ги зголемуваше субвенциите за земјоделците:

2006 година – 20 милиони евра

2007 година – 25 милион евра

2008 година – 45 милиони евра

2009 година – 70 милиони евра

2010 година – 100 милиони евра

2011 година – 115 милиони евра

2012 година – 130 милиони евра

2013 година – 135 милиони евра

2014 година – 140 милиони евра

Поддршка која од оваа година е дефинирано да изнесува по 150 милиони евра на годишно ниво. Средства кои директно се насоечни за земјоделците, за зголемување на земјоделското производство, за подобрување на извозните капацитетите на македонските компании и за модернизација на земјоделските стопанства во Република Македонија.

Инвестициите во македонскиот аграр значеа сериозна поддршка за секој македонски земјоделец кој во 2006 година беше на работ на пропаста. Со оваа финансиска поддршка, со политиката на искрено подадена рака кон македонскиот земјоделец и инвестициите во македонските села, аграрот во Република Македонија започна со развој кој е видлив во повеќе сегменти.

Ова особено се гледа во извозот на земјоделските производи кој во 2006 година изнесуваше 242 милиони евра, а во 2013 година извозот повеќе од двојно се зголеми на 504 милиони евра. Речиси идентична е и состојбата со извозот на вино каде се забележани историски најдобри резултати, потоа во извозот на преработките од овошје и зелечук и сл.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.