Реал Мадрид пресилен за Базел, Ливерпул се “извади” со Лудогорец

„Кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“ покажаа дека има огромна разлика во класи помеѓу нив и швајцарски Базел. Конечниот резултат беше 5:1, иако според шансите гостите можеа да примат уште некој гол.

Резултатот беше отворен по четиринаесет минути игра, откако гостинскиот играч Суши ја затресе сопствената мрежа. Но најинтересно беше во последните петнаесет минути од првото полувреме беа најинтересни со оглед на тоа дека „паднаа“ четири голови.

Најнапред Герет Бејл во 30-тата минута погоди за 2:0, а една минута подоцна Кристијано Роналдо зголеми на 3:0. Во 37-та минута Хамес Родригез му донесе големо водство на Реал Мадрид од 4:0, а во следниот напад Гонзалес го постигна почесниот погодок за Базел.

Конечните 5:1 ги постави Карим Бензема на десетина минути до крајот на натпреварот по една одлична акција со Кристијано Роналдо, а тоа всушност беше и 1000-от погодок за Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

На вториот меч од оваа група Ливерпул со тешки маки го совлада бугарскиот тим Лудогорец со 2:1. „Црвените“ го скришија отпорот на гостите во 82-та минута со голот на Марио Балотели, а во 91-та минута Абало за момент го замолкна „Енфилд“.

Сепак, Џерард од пенал во третата минута од судиското продолжение му донесе победа на Ливерпул.


ЛШ, прво коло:

Група А:

Олимпијакос – Атлетико Мадрид 3:2

Јувентус – Малме 2:0

Група Б:

Ливерпул – Лудогорец 2:1

Реал Мадрид – Базел 5:1

Група Ц:

Монако – Леверкузен 1:0

Бенфика – Зенит 0:2

Група Д:

Галатасарај – Андерлехт 1:1

Борусија Дортмунд – Арсенал 2:0