Евертон и Наполи сигурни на домашен терен

Синоќа беа одиграни првите натпревари во групната фаза од Лигата на Европа, а најголемо внимание привлекоа дуелите во Неапол и Ливерпул, каде Наполи со пресврт стигна до првите три бода, додека Евертон убедливо ја започна приказната во најмасновното клупско натпреварување, славејќи убедливо против германски Волфсбург со 4:1.

Иако по 14 минути игра, откако Хусбаер постигна гол за Спарта Прага, се чинеше дека ова ќе биде уште една разочарувачка ноќ за “наполитанците”, сепак веќе во 23. минута Игуаин од пенал израмни на 1:1. Во вториот дел, белгискиот интернационалец Дрис Мертенс ги превзема работите во свои раце и на два пати ја тресеше мрежата на гостите, во 51. и 81. минута.

napoli

Тимот на Евертон пак, немаше поголеми проблеми против бундеслигашот Волфсбург, иако пред почетокот на натпреварите овој дуел го доби епитетот “дерби” на колото. Најава дека фудбалерите на Волфсбург ќе си заминат со празни раце од Англија дојде уште во 15. минута, кога Родригез си постигна автогол за водство на домаќините од 1:0. За маката да биде голема, Симус Колман постигна гол пред крајот на полувремето, буквално во судиското надополнување и речиси ги уништи надежите на гостите за поволен резултат. Во вториот дел Евертон само рутински ја доврши работата. Најпрво Лејтон Бејнс погоди од пенал во 47. минута, за во 89. минута точка на натпреварот да стави Кевин Мираљаш. Во 91. минута, почесен погодок постигна оној кој и ја отвори серијата, Родригез, но овојпат на право место, во мрежата на Евертон.

everton

Од останатите дуели, може да се издвојат убедливите победи на Стеауа, која го декласираше дански Алборг со 6:0, потоа на Јанг Бојс, кој славеше против Слован Братислава со 5:0, Паок против Динамо Минск со 6:1, а и победата на Динамо Загреб над Астра, во која домаќините победија со 5:1.

Резултати од првото коло:

А група: Аполон Лимасол – Цирих 3:2, Борусија Менхенгладбах – Виљареал 1:1.

Б група: Бриж – Торино 0:0, Копенхаген – ХЈК 2:0.

Ц група: Бешикташ – Астерас 1:1, Партизан – Тотенхем 0:0.

Д група: Динамо Загреб – Астра 5:1, Салцбург – Селтик 2:2.

Е група: ПСВ Ајндховен – Есторил 1:0, Панатинаикос – Динамо Москва 1:2.

Ф група: Карабах – Сент Етиен 0:0, Днипро – Интер 0:1.

Г група: Севиља – Феенорд 2:0, Стандард – Риека 0:0.

Х група: Евертон – Волфсбург 4:1, Лил – Краснодар 1:1.

И група: Наполи – Спарта Прага 3:1, Јанг Бојс – Слован Братислава 5:0.

Ј група: Рио Аве – Динамо Киев 0:3, Стеауа – Алборг 6:0.

К група: Фиорентина – Генгамп 2:0, ПАОК – Динамо Минск 6:1.

Л група: Легија – Локерен 1:0, Металист – Трабзонспор 1:2.

Натпреварите од второто коло се играат на 2.октомври.