„8.Септември“ прогласена за болница на годината

Благодарение на ДСГ методологијата која е воведена во 2009 година, во текот на минатата гoдина бројот на граѓани кои добиле здравствени услуги во општите болници е зголемен за 13.300 граѓани. Повеќе од половина од пацинетите се лекувале во Скопје.

Ова на денешната прес конференција го истакна портпаролот на ФЗОМ, Бранко Аџигогив, кој додаде дека болница со најголем број на пацинети во земјава е ГОБ „8.Септември“, каде минатата година биле дадени здравствени услуги на дури 10.643 пациенти.

– Бројот на пацинети во оваа здравствена установа е двојно зголемен од 2010 година, кога биле дадени здравствени услуги на 5.700 пациенти, нагласи тој.

Освен тоа, нагласи тој, дури 50 проценти од услугите дадении во оваа болница се хируршки услуги, што ја прави ГОБ „8.Септември“ и најдобра по сложеноста на пациентите,  каде што индексот е 1.26, што е далеку над просечниот-кој изнесува 1.09.

Bолницата „8.Септември“ е лидер во три од петте најбитни категории во ДСГ методолгојата. Една од најважните придобивки од воведувањето на  ДСГ методологијата, рече Аџигов,  е намалувањето на  должината на престојот на пацинетите, во 2013 година просечниот престој изнесува 5,5 дена, за разлика од 2009 година кога истиот бил 6.2 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.