Магазин

8 совети за подобар сон

8 совети за подобар сон

Следните неколку совети ќе ви помогнат да си обезбедите квалитетен и здрав сон.

  1. Направете си распоред. Најпрво одредете колку часа спиење ви се потребни за да се разбудите наспани и полни со енергија. Потоа во зависност од тоа кога треба да станете, пресметајте кога треба да си легнете. Секој ден следете го тој распоред. Легнувајте си и станувајте во исто време. Следете го распоредот дури и за викенд. Така ќе го привикнете вашето тело.
  2. Користете го креветот само за спиење и секс. Тоа е неговата намена. Ако го користите креветот за гледање телевизија, читање книга или јадење, кога ќе си легнете да спиете, инстинктивно ќе сакате да пуштите телевизија или да продолжите со читање.
  3. Кога не сте уморни – не си легнувајте. Ако поминале 15 минути и вие се уште се обидувате да заспиете, тогаш најдобро е да станете. Започнете да правите нешто што ќе ви е досадно. Така сигурно ќе почнат да ви „паѓаат“ очите.
  4. Избегнувајте го кофеинот. Внимавајте со вечерната употреба на пијалоци или јадења кои што содржат кофеин. Енергијата што ви ја дава кофеинот ќе ве држи будни или ќе ви го наруши длабокиот сон. Кафето не е единствениот пијалок што содржи кофеин. Кофеин има и во газираните пијалоци.
  5. Опуштете се. Пред да си легнувате да спиете, обидете се да се релаксирате. Така ќе се ослободите од стресот. Топлата бања, медитирањето или тивката музика ќе ви помогнат да го направите тоа.
  6. Вежбајте. Вежбањето често ви дава енергија и ве држи будни. Но, ако вежбате 2 часа пред спиење тоа ќе ви помогне да заспиете побрзо и да спиете цврсто цела ноќ.
  7. Спијте во темно. Човечкото тело е програмирано да се разбудува кога е светло и да заспива кога се затемнува. Најдобро е во вашата спална да биде темно додека спиете, за да не ви се прекинува сонот.
  8. Создајте си удобни услови во спалната. Температурата во спалната соба треба да биде умерена. Екстремните температури го нарушуваат спиењето. Вашиот душек и перница треба да ви бидат удобни и да го одржуваат вашето тело во што поприродна положба.