80 современи лаборатории за врвни истражувања и обука на студентите

За дополнително унапредување на научно истражувачката дејност, како и за обезбедување на современа практична настава за студентите, Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука го реализираа проектот за набавка на 80 нови современи лаборатории за потребите на високообразовните и јавни научни установи.

Проектот преку кој се инвестирани 26 милиони евра, започна во 2010 година и со истиот се овозможи квалитетна практична настава и поддршка во развојот на работните вештини и способности на студентите, како и бенефиции за научната јавност за реализација на научно-истражувачки цели.

Новите  80 лаборатории кои се инсталирани за потребите на универзитетите, претежно на технички факултети, институтите поврзани со медицината, информатиката, инженерството, МАНУ и други институции, нудат и дополнителни корисни можности за стопанството во целина, но и за сите граѓани кои имаат потреба од одредено испитување или истражување.

лаб5

Лабораториите нудат услуги кои во минатото биле тешко достапни во регионот, а со процесот на акредитација резултатите и извештаите се меѓународно признаени и применливи, истакна во една прилика заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

-Со овој проект на граѓаните и компаниите им се овозможува да заштедат средства по основ на услуги кои порано ги обезбедувале во странски лаборатории, а тоа значи зголемена употреба на лабораториските услуги во нашата земја, со што домашните лаборатории стекнуваат повисоки финансиски исходи, изјави Ристовски.

лаб1

Досега од вкупно 80 лаборатории, 42 се акредитабилни, од кои 18 се акредитирани со вкупно 95 методи, а останатите се во напредна фаза на заокружување на процесот.
Од лабораториите кое се инсталирани од исклучителна важност е лабораторијата за геномика и протеоника во Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологии при МАНУ, каде се врши рана дијагностика на различни болести – генетски, наследни и малигни.

лаб3

Понатаму, лабораториите за испитување на енергетска ефикасност на објекти и за геотехника при Градежниот факултет Скопје и лабораторијата за  тестирање на градежни материјали, геомеханика и градежни конструкции на Универзитетот во Тетово, чиишто услуги значително се користат особено во услови на градежна експанзија во патната, образовната и инфраструктурата за домување.

лаб

Текстилната лабораторија на Технолошко – металуршкиот факултет, која често ја посетуваат компаниите кои се занимаваат со производство и трговија со текстил, заради контрола на квалитетот на производите, како и многу други лаборатории со висока употребна вредност и практична применливост.