800.000 евра за атмосферска и реконструкција на улици во Карпош

Оштина Карпош доби 800.000 евра кредит од Светска банка за изградба на атмосферска канализација на седум улици и за реконструкција на две сообраќајници. Парите ќе се враќаат по многу поволни услови, со 0,6% каматна стапка, 13 години рок на исплата со три години грејс период. Договорот во рамки на подобрување на општински услуги, денеска го потпишаа градоначалникот на општина Карпош, Стевчо јакимовски  и министерот за финансии, Зоран Ставрески.

„Со деншноот потпишување на договорот од 48 милиони евра ќе се реализираат значајни проекти за општина Карпош во делот на атмосферската канализација во Влае1 и Владо Тасевски, како и реконструкција на две улици во Тафталиџе 1 и Пецо Божиновски Кочо. Оштината во својата инвестициона програма истакна повеќе барања и повеќе проекти, од кои овие беа оценети као најприоритетни, а беа прифатени и од Министерството за финансии. Директна корист од реализацијата на овој проект ќе имаат над 3.500 граѓани“, истакна Ставрески.

Со овие 800.000 евра атмосферска ќе добијат улиците Анкарска, Алжирска, Багдатска и Борка Талески, Франц Прешерн, Влае, Корушка. Нови тротоари ќе добијат Прашка и Струшка, а ќе бидат променети и асфлтните слоеви на овие улици.

Засега искористеноста од проектот за поддршка на општините  што е  во соработка со Светската банка,  а според кој што се предвидени 56,1 милиони евра, е на високо ниво.  Од вкупно 56 милиони евра, 34 општини веќе искористиле 26 милиони евра. Но, во завршна фаза или во фаза на одобрување се повеќе проекти со кои речиси ќе бидат целосно искористени овие пари. Целта на проектот е обезбедување финансии за инфраструктурни проекти, изградба на   училишта, градинки,  со што би се поттикнал развојот на општините, а индиректно ќе отовори работа и за градежните фирми и нови работни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.