800.000 илјади демонстранти против карикатурите на „Шарли Ебдо“ во Грозни

Повеќе од 800.000 луѓе присуствуваа на протестот во центарот на Грозни за одбрана на муслиманските вредности и против карикатурите во весникот Шарли Ебдо.

Демонстрантите носеа транспаренти со кои го изразија противењето против карикатурите и со порака дека исламот е религија на добрите и креативните.
На митингот присуствуваше и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој порача дека муслиманите нема да дозволат да бидат искористени за дестабилизација на регионот. Организаторите очекуваа на митингот насловен љубов кон пророкот Мухамед да се соберат над еден милион луѓе.