Алонсо: Медиумските шпекулации се штетни за Ферари

И покрај демантите од Себастијан Фетел, веќе неколку дена италијанските медиуми најавуваат бомбастичен трансфер на четирикратниот светски првак од Ред Бул во Ферари, но за шпанскиот возач на Ферари, Фернандо Алонсо – тоа е штетно за италијанскиот тим.

„Јас веќе 13 месеци коментирам за мојата иднина и сега нема што да кажам пак. Чудно е што сите тие шпекулации доаѓаат од Италија, а тие не носат ништо добро, повеќе му нанесуваат штета на Ферари. Не ја знам целта на сето ова“, рече Алонсо.

Во Ферари во последниот период се случија низа промени, меѓу кои и главната на претседателското место, откако Лука ди Монтецемоло отстапи од функцијата и на негово место дојде Серџо Маркионе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.