Кедира пред трансфер во Арсенал?

Она што се најавуваше уште за време на летото, дека германскиот интернационалец Сам Кедира ќе се пресели во редовите на Арсенал, се чини дека конечно ќе се реализира за време на зимскиот преоден рок.

Раководството на Арсенал е подготвено да плати 11 милиони фунти, што и не е така висока сума, но е сума на која “кралскиот клуб” ќе мора да се сложи со оглед на тоа дека договорот на Кедира завршува следното лето, па би можел да го напушти Мадрид како слободен играч.

Кедира во Реал Мадрид пристигна во 2010 година од тимот на Штутгарт, а досега за „кралевите“ одигра 146 натпревари и постигна девет гола. Сепак, во последните две сезони тој се мачи со повреди, па затоа и нема да добие понуда за продолжување на соработката со мадридскиот гигант.