Тони Надал: Изборот за селектор на Дејвис Куп репрезентацијата е погрешна

Тренерот на Рафаел Надал, Тони упати низа критики во врска со изборот на шпанската тениска федерација која за селектор на Дејвис куп репрезентацијата ја назначи Гала Леон Гарсија.

40-годишната Леон Гарсија со ова влезе во историјата на белиот спорт како прва жена на ваква позиција, но според чичкото на Рафа ова е погрешен потег и на оваа функција требало да ја добие тенисер со големо искуство како на Хуан Карлос Фереро.

– Подобро е Дејвис куп селектор да биде човек од машкиот тенис, со квалитетни резултати и добро резиме. Немам ништо против неа, не ги знам нејзините капацитети, но се надевам дека добро ќе ја заврши својата задача. Сепак во теорија, таа е личност која не го знае машкиот тенис, бидејќи машкиот и женскиот тенис не се исти, на исто тактичко ниво. Ќе беше сосема нормално за капитен да беше именуван Хуан Карлос Фереро или некој поранешен играч со одреден квалитет-истакнал Тони Надал.