Хороскоп

Овен

Денеска би можеле да имате премногу јавувања и посети. Веројатно ќе добиете и листа на обврски кои ќе мора да ги извршите во заден час. Сето тоа би можело да ви ја зголеми нервозата, но ако го сфатите тоа како нешто што не можело да се избегне, ќе ви биде полесно. На крајот, би можеле дури и да се забавувате извршувајќи ги тие работи.

Бик

Во последно време не внимавате многу околу парите, па имате потрошено нешто повеќе. Сега, не се грижете многу околу тоа. Сигурно сте ги потрошиле на корисни работи. Лесно ќе ги надополните потрошените пари, а ситуацијата во иднина изгледа сосема поволна за вас. Полека и без брзање, се’ ќе дојде на рад.

Близнаци

Вие сте многу друштвена личност, па ни денеска нема да успорите, трчајќи од една до друга личност. Веројатно сте се согласиле на многу работи истовремено и сега ве мачи грижа на совест бидејќи некому ќе мора да  му откажете. Успорете малку и направете листа на приоритети. Така ќе имате добар изговор кога некому ќе мора да му кажете „Не“.

Рак

Вие и некои членови на семејството денека би можеле да се фрлите на темелно чистење на куќата. Обично е тоа сосема во ред, но денеска не е баш некој ден за тоа. Премногу време и труд ќе потрошите на нешто што нема да ве задоволи. Секогаш кога ќе чистите, не морате се’ да чистите толку детално. Не заборавајте да се опуштите!

Лав

Многу луѓе ќе бараат премногу работи од вас. Некои од нив ќе бидат искрено загрижени и ќе им треба ваша помош, но некои ќе ви се јават бидејќи едноставно навикнале вие да ги извршувате работите за нив.Искористете ја својата интуиција за оние кои навистина им треба помош за разлика од оние кои сакаат само да забошотат, бидејќи во спротивно нема да успеете да му помогнете на никој.

Девица

Денеска треба да довршите многу креативни работи. Веројатно нема да имате време да ги довршите онака како што би сакале, бидејќи семејството  ќе бара да бидете покрај него и неговите проблеми. Тоа ќе ви ја намали концентрацијата ,  но и инспирацијата. Ако мора да работите, излезете од дома и исклучете го мобилниот.

Вага

Нешто се случува во вашата близина што ќе привлече луѓе околу вас. Сите ќе сакаат да бидат во ваша близина. Не се затрупувајте со обврски. Дајте си малку време и опуштете се со позитивна енергија која ќе ја споделите со другите. Ова е интересен ден за вас во кој би можеле да запознаете многу интересни лица.

Шкорпија

Се чини дека малку сте претерале во трошење пари. Ве фатил некој дух на дарување и расфрлање. Можете да се фрлите во долгови поради тоа. Немојте да паничите. Само малку намалете ја порошувачката и брзо се’ ќе надополните. И понатаму ќе уживате – само во некои разумни граници.

Стрелец

Обично многу зборувате, но денеска ќе го достигнете својот лимит. Во последно време сте биле на толку многу дружења, настани што сега единствено ви е до мир и тишина во вашиот дом. Ако ве малтретираат пријателите  за да одите некаде со нив, слободно кажете им НЕ. Вие имате разбирање за другите, па сега е време другите да покажат разбирање за вас.

Јарец

Денеска би можеле да ги почувствувате последиците од своето неразумно однесување изминатиот период. Треба да ги реорганизирате вашите приоритети. Не ја земајте другата половина од чоколадата, ако знаете дека не е добра за вашето здравје. Бидете умерени во се’ и ќе ви биде баш онака како што треба без да се одрекнувате од што било.

Водолија

Луѓето велат „никогаш доста од пријатели“, но вие денеска би можеле да се запрашате дали во вашиот случај тоа е вистина.  Телефонот нема да престане да ѕвони. Сите ќе го бараат вашето друштво и рамо за плачење. Не одбивајте ги баш сите, но повлечете линија преку која нема да поминете по никоја цена.

Риби

Некое социјално случување би можело да го привлече вниманието на вашето смемјство. Веројатно и самите ќе сакате поголемо друштво на тоа собирање. Ќе бидете среќни опкружени со сите кои ги сакате, но на крајот од енот ќе се почувствувате прилично исцрпено. Почестете се со добар ручек и енергетска бомба за да ја надополните изгубената енергија.