87 сириски емигранти приведени во Албанија

Бранот бегалци од азиските и африканските земји, кои најчесто преку Грција стигнуваат во Албанија, не стивнува.

Во три одделни акции полиција од јужниот албански град Ѓирокастро привела 87 емигранти сите сириски државјани. Во првата акција пограничната полиција кај селото Радат привела 36, кај селото Грапш 16, додека нај селото Глина 35 илеглаци.

Според полицијата, крајната дестинација до коај емигрантите требало да го продполжат не е позната, но најверојатно тие низ албанска територија ќе минеле само транзит за да го продолжат патот преку Црна Гора .

По вообичаената процедура на верификација на нивниот идентитет и здравствените прегледи тие ќе бидат вратени назад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.