9,4 милиони евра за новата жичница на Попова Шапка

За околу 9,4 милиони евра, италијанската компанија „Леитнер” (Leitner AG/Spa) ќе ја  проектира и ќе ја гради шестоседната жичница за скијачкиот центар „Попова Шапка“. 

 Овој проект би тебало да биде завршен до првото тромесечие во 2015 година. Должината на трасата на идната жичница ќе биде 1.420 метри, а максималниот капацитет ќе биде 3.200 скијачи за еден час.

ЕЛЕМ, компанијата која стопанисува со скијачкиот центар, планира да изгради и три нови скијачки патеки со должина од 5.000 метри. Целиот проект за модернизација на скијачкиот центар ќе чини 30 милиони евра.

За продолжување на ски-сезоната е предвидена и изградба на систем за вештачки снег. За таа цел 2013 година почна изградба на отворен резервоар за вода, која ќе се користи за поддршка на системот од вештачки топов. Изградбата на овој резервоар и системот треба да заврши во октомври 2014 година. Малото вештачко езерце т.е каптажата е со должина 80 метри, широчина 100 метри, максималната длабочина од 7 метри, и со зафатнината е 32.000 кубни метри. Со оваа количина на вода, ФИС хомологираните патеки за велеслалом и слалом ќе бидат целосно покриени со вештачки снег.