90.000 евра од Италија поради прилив на бегалци во Македонија

Италијанската Влада ќе и додели 90 илјади евра на Македонија за справување со прилив на бегалци од Блискиот исток.

– Вонредната состојба предизвикана од прилив на бегалци од Блискиот исток на пат кон северна Европа претставува нов предизвик за Европа и европските земји со кој заеднички треба да се справат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати од Западен Балкан. Имајќи ги предвид предизвиците со кои моментално се соочуваат македонските власти, италијанската Влада донесе одлука да и додели на Македонија дополнителна мултилатерална помош во износ од 90.000 евра за финансирање на активностите на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина на Република Македонија, се наведува во соопштението од италијанската Амбасада во Скопје.

Оттаму истакнуваат дека бројот на мигранти кои го користат т.н. Балкански пат постепено се зголемувал особено во последните неколку недели и оти тоа претставува голем напор за Македонија.

– Италијанската помош има за цел да ги поддржи активностите од примарна заштита на македонскиот Црвен крст и Црвена полумесечина за да им се помогне на најраливите групи мигранти (жени и деца), како и обезбедување основни средства и основна медицинска грижа, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.