92 милиони евра на СОРОС и зголемени буџети за поддршка на СДСМ

Организацијата СОРОС, која е „добротворна“ и која делува во педесет земји низ светот, меѓу кои и Македонија, огромни суми на пари троши на поткуп на политичари, новинари, опозициски движења, односно на создавање на „Влади во сенка“, а сето тоа поради лични бизнис интереси.

Досега СОРОС во земјава има потрошено речиси 93 милиони евра, од кои за добробит на државата и граѓаните ниту „грош“.

Со оглед на извештаите за тоа каде СОРОС ги трошел парите, лесно се воочува поврзаноста на средствата на оваа организација и најголемата опозициска партија која безуспешно се обидува да дојде на власт веќе долго време.

Она што е интересно е дека секогаш кога имало значајни настани и избори во земјава, СОРОС драматично го зголемувал буџетот на трошење.

Во 1994 – та година во Македонија имаше парламентарни избори на кои СДСМ однесе убедлива победа. Истата година СОРОС располагал со буџет од 12 милиони долари, неколкукратно поголем од претходната година. Таа година извршен директор бил никој друг, туку Владимир Милчин, а програмски советник Ким Мемети.

Во годината кога македонската економија доживуваше крах и кога работници беа отпуштани, СОРОС на конфренции и патувања потрошил 203.808 долари, а за финансирање на активности на цивилното општество над 100 илјади долари. Таа година за финансирање на медиуми биле потрошени 2 милиони и 165 илјади долари. Опрема и пари се делеле на А1 телевизија, канал 77, тогаш државната Нова Македонија.

Во 2002 година кога СДСМ победи, буџетот на СОРОС повторно е повисок од претходната година. Таа година СОРОС имал 3 милиони повеќе од претходната и тој изнесувал 7 милиони и 305 илјади долари. Огромна сума на овие пари отишле за финансирање на медиуми. Пари добивале национални и локални телевизии и радија, како и огромен број на грантисти и стипендисти, меѓу кои Ѓунер Исмаил и Сашо Ордановски.

Огромна сума на пари Сорос поделил и во 2004 година, односно 7.305.637 долари. Оваа година немаше избори, но имаше неуспешен референдум кој беше организиран против територијалната децентрализација во кој СДСМ активно се вклучи за да не успее референдумот и да се спроведе децентрализацијата која беше договорена. Тогаш СДСМ одеше со слоганот некои прашања не заслужуваат одговор, а СОРОС организираше трибини низ цела Македонија со намера за минирање на самиот референдум. Сето тоа било платено од страна на оваа фондација.

Во извештаите од кои може да се види дека СОРОС за сите години од своето функционирање потрошила речиси 93 милиони евра во Македонија од кои државата не видела ќар, пари добивале многу познати личности и истите биле плаќани или лично или во организациите во кои тие членувале. Па така се споменуват имињата на Бранко Геровски, Фросина Ременски од СДСМ, Ѓунер Исмаил, Ацо Кабранов, Сашо Ордановски, Маргарита Цаца Николовска и десетици други.