„Политико“ само што почна се затвара, весникот не се продавал

Дневниот весник „Политико“ после само седум броја се затвара. Обидот на Саше Ивановски да направи нов дневен весник не успеа. Утрово била донесена одлука да се прекине со издавање на весникот, објави „Либертас“.

Главниот уредник Ивановски за порталот ја потврдил информацијата и негирал дека весникот се затвара заради политички притисоци.

– Нема врска, едноставно немаше интерес, продажбата беше катастрофална и затоа решивме да го прекинеме проектот, уште на стартот, рекол Ивановск.

Тој тврдел дека тоа е причината, а за шпекулациите дека сопственикот на деловниот простор на улица „Македонија“, во кој беше сместена редакцијата, им рекол да се иселат оти имал притисоци, биле неточни.

– Не, не, никакви притисоци, ви реков причината е една и единствена, катастрофална продажба, изјавил Саше Ивановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.