Почина македонска кошаркарска легенда

По кратко боледување, на 72-годишна возраст почина Баки Малиќи, легенда на скопската, но и македонската кошарка.

Малиќи беше тренер со најдолг стаж во еден клуб. Целата своја кариера ја помина на кормилото на Слога. Четири пати македонски шампион со овој тим, а со Слога седум сезони беше дел од Втората лига на СФРЈ. Две сезони се натпреваруваше во најсилната Прва лига на поранешната држава.

Погребот на Баки Малиќи ќе биде извршен утре.

 Фото: Баки Малиќи стои втор од десно кон лево