Македонија

Пола Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, петок, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Бутел, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров.

Ова се улиците каде ќе нема струја:

• во време од 08.30 до 09.30 часот, дел од корисниците од улица Максим Горки и дел од улица Никола Вапцаров. (опш. Центар)
• во време од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од село Љубанци. ( општина Бутел )
• во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улица Христо Татарчев ( Сава Ковачевиќ). ( општина Кисела Вода )
• во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 160 до број 186, како и корисниците од улица Јуриј Гагарин, ТЦ Олимпико, и корисниците од булевар Партизански Одреди број 70 и број 72а . (опш. Карпош)
• во време од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улица Крчин, дел од ул. Загребска и дел од улица Леринска. ( општина Карпош )
• во време од 10.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Арсениј Јовков и ул. Црногорска. ( општина Ѓорче Петров )