Над 10.000 граѓани побарале совет на „Ало докторе“

Вкупно 10.546 граѓани побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ откако таа е отворена на 15 септември.

Во изминатите два дена имало 233 јавувања најчесто за кардиоваскуларни и респираторни заболувања, проблеми со покачена температура, кашлица, настинки и симтомна болка. Во Кол центарот секој ден од 18 до 22 часот дежураат доктори од јавните здравствени установи кои им се достапни на граѓаните за здравствен совет.

Денес, дежурен ќе биде доктор Реџеп Селмани од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување, а утре доктор Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести